Обама бара ослободување на Савченко

Американскиот претседател Барак Обама и земјите членки на Г7, како што јавуваат новинските агенции, побарале од рускиот претседател Владимир Путин да ја ослободи украинската пилотка Надија Савченко. Обама во телефонски разговор со Путин рекол дека Савченко мора да биде ослободена. Тоа, како што се наведува, е дел од мировниот договор од Минск со кој се бара ослободување на затворениците. Амбасадорите на земјите од Г7 во Киев заеднички изразија загриженост за здравјето на Савченко која одбива да јаде во затворот. Руските власти ја обвинуваат за координирање на напад во кој загинале двајца руски новинари.