ИД соборила ирачки авион, Багдад демантира

Ирачки воен авион се урнал вчера во близина на градот Киркук. Ирачката војска соопшти дека тоа било поради техничка неисправност на леталото, но милитантите на Исламската држава тврдат дека го урнале. Ирачката војска соопшти дека не е позната судбината на тричлениот екипаж на авионот. Видео од ИД објавено на Твитер покажува пад на авион при што се наведува дека загинале пет членови на екипажот. ИД на 17 февруари собори ирачки воен хеликоптер.