Времето денеска: облачно со сончеви периоди

Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во ноќните часови облачноста ќе се намали. Температура ќе се движи од три до 12 степени. Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне до 11 степени.