Турција ја засилува безбедноста со 15 илјади нови полицајци

Владејачката турска Партија на правдата и развојот во парламентот достави предлог за отворање 15 илјади работни места за полицајци во државата. Предлогот е доставен по консултации со Министерството за внатрешни работи и со Генералниот директорат за безбедност, јавуваат турски медиуми. Засилувањето на безбедноста се претвори во најважно прашање во Турција по самоубиствениот напад во Анкара во неделата во кој загинаа 37 луѓе. Тоа беше трет по ред смртоносен бомбашки напад во турскиот главен град во изминатите пет месеци.