Имало ли притисоци за учество на контра-протестот?

Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација од СДСМ, Александар Кирацовски, денеска на прес-конференција изјави дека има информации оти биле вршени притисоци врз вработени во јавниот сектор и во државните претпријатија да одат на контрапротестот пред Уставниот суд. Најави дека ќе испрати управна и трудова инспекција во сите институции за кои има информации дека имало вакви злоупотреби.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира дека не вршеле никакви притисоци врз граѓани за да се појават на протест пред Уставниот суд. Тие го повикуваат Кирацовски, како и целото Министерство, да извршат увид дали била злоупотребувана општинска администрација за партиски цели.