Почна протестот за одбрана на Уставот

Неколку илјади граѓани од пред Владата го почнаа маршот со кој бараат Уставниот суд да не ги укинува одредбите од Законот за помилување со коишто на претседателот му се забранува да помилува лица за изборни нерегуларности.Тие извикуваат „Нема правда нема мир“. Учесниците на протестот ќе поминат пред Собранието и пред канцеларијата на Претседателот на државата и ќе дојдат пред Уставниот суд. Учесниците носат транспарент на кој пишува „Да го одбраниме Уставот од уставните судии“. Протестот го организира платформата за граѓанска политика Ајде и е подржан од СДСМ. Меѓу демонстрантите е и претседателот на СДСМ Зоран Заев со поголем дел од членството. Во исто време во близина на Уставниот суд се одржува протест на кој повика партијата ГРОМ.