Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно, а во западните и јужните делови со локални врнежи од дожд со послаб интензитет. На планините ќе има слаби врнежи од снег. Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од шест до 12 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 11 степени.