Вториот круг од изборите во Иран на 29 април

Иран ќе го одржи вториот круг од парламентарните избори на 29 април, на кои ќе се одредат победниците во 69 изборни единици во коишто немаше јасен победник на во првиот круг на 26 февруари, информираат денеска изборните власти. Сојузниците на релативно умерениот претседател Хасан Рохани победија во првиот круг на изборите. Сепак, ниту една групација не доби мнозинство, што значи дека вториот круг може да влијае на рамнотежата на моќта во законодавниот дом.