Мигрантите од Идомени се обидуваат нелегално да влезат во Македонија

Околу илјада мигранти и бегалци кои се наоѓаaт во близина на Идомени, денеска се обиделе да преминат од грчка на македонска територија преку алтернативен пат, јавија западни медиуми. Групата тргнала напладне кон грчко село кое се наоѓа западно од Идомени. Околу 14 часот тие биле близу границата кога ги пресретнале и привеле грчки полицајци. При приведувањето немало инциденти.