Двајца украински војници загинале во судири со сепаратистите

Украинската армија соопшти дека двајца нивни војници загинаа во судирите меѓу владините сили и проруските сепаратисти во југоисточниот дел на Украина во текот на изминатите 24 часа. Украинскиот воен портпарол Андриј Лисенко изјави дека бил во текот на денот имало пораст на напади и провокации од страна на сепаратистите. Тој рече дека бунтовниците користеле оклопни возила и артилерија кои се забранети со мировните договори во Минск со цел ставање крај на конфликтот.