Фич го потврди кредитниот рејтинг на Грција на ниво ЦЦЦ

Меѓународната агенција Фич го потврди кредитниот рејтинг на Грција на ниво ЦЦЦ, пренесува БТА. Во изјавата од Агенцијата за кредитен рејтинг се наведува дека земјата има постигнато напредок, но пред неа остануваат ризици. Ниво на кредитен рејтинг ЦЦЦ, според класификацијата на Фич, значи ранливост и зависност од поволни економски услови. Таквиот рејтинг е и три степени под инвестициското ниво.

Фич признава дека Грција постигнала значителен напредок кон постигнувањето на целите поставени од меѓународните кредитори. Во исто време Агенцијата наведува дека остануваат ризици, особено во врска со приливот на мигранти во земјата и несигурноста околу започнатите реформи.

Во средата квартетот кредитори на Грција почна преговори со владата со цел следниот месец да заврши проверката на пропишаните реформи - услов за продолжување на помошта за земјата и за разгледување за евентуално олеснување на нејзиниот должнички товар.