СДСМ - Уплашената власт нема да се спаси преку Уставниот суд

„На Уставниот суд му е должност да биде чувар на Уставот, а не партиска марионета. Ова што го прават уставните судии под контрола на групата која слушнавме дека е обвинета за злосторничко здружување за изборен криминал е невиден преседан. Уплашената власт нема да се спаси преку Уставниот суд“, рече потпредседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски синоќа во Тетово, стои во партиското соопштение. Тој одговарал на прашањето на жителите кои се интересирале како ќе се обезбеди правдата, со окупирани институции.

Луѓето со кои се сретнале се пожалиле дека едвај крпат крај со крај за да го поминат месецот. „Не може ние да живееме катастрофално, а на телевизија да ни прикажуваат дека тече мед и млеко“, реагирале тетовчани, стои во партиското соопштение. Кирацовски изјави дека за да има фер и демократски избори мора да се обезбеди објективно информирање, на што граѓаните имаат право по закон.