Кери - можен напредок во мировните преговири за Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека мировните преговори за Сирија под покровителство на ОН треба да се одржат на 14 март, како што е планирано, но дека претходно монитори од Русија и од САД ќе се состанат за да разговараат за повредите на претходниот договор за прекин на огнот. Кери, говорејќи денеска во Саудиска Арабија, рече дека се надева дека во текот на денот ќе зборува со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во врска со обвиненијата дека режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад го прекршил ветувањето за примирје. Тој изјави дека руски и американски официјални претставници ќе се состанат во Женева и во Аман за истото прашање.

На прашањето дали на мировната конференција може да се направат чекори напред, како што е планирано, Кери рече: „Да, тоа е можено“. Кери утре ќе отпатува во Франција каде со европските дипломати треба да разговара за Либија, Сирија, Јемен и Украина.