Грција отвара сајт за вести на арапски наменет за бегалците

Грчката државна новинска агенција АНА-МПА ќе отвори интернет страница на арапски јазик, на која ќе објавува бесплатни вести и други корисни информации за мигрантите и бегалците.

Содржината на сајтот, кој ќе почне да работи за неколку дена, ќе бидат корисни совети, линкови, упатства и известувања издадени од страна на Координативното тело за бегалци на арапски јазик за бегалците кои се заглавени во Грција. На страницата исто така ќе има мултимедијални содржини, вести, мапи и други информации.

Исто така ќе се објавуваат сите вести од Грција во врска со бегалците во земјата, како и повеќе важни вести на денот од земјата и од арапскиот свет во целина.