Од сабота попладне до понеделник, под влијание на нов влажен бран, повторно ќе има врнежи од дожд кои најпрво ќе започнат во јужните делови на Македонија, а до крајот на денот ќе се прошират низ целата земја. Според УХМР, врнежите ќе бидат поинтензивни во текот на ноќта, како и в недела преку ден. На повеќе места до понеделник наутро се очекува да наврнат 35 литри на метар квадратен дожд.
Врнежи ќе има и в понеделник, но тие ќе бидат со послаб интензитет. В недела на планините врнежите ќе бидат од снег, а в понеделник висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и до 1000 метри надморска височина.