ЕУ: членките да го поделат товарот од мигрантската криза

ЕУ побара од нејзините членки да почнат секој месец да прифаќаат по 6 илјади бегалци од Грција и Италија за да помогнат во намалувањето на товарот на мигрантската криза. ЕУ во минатиот септември прифати план за релокација на 160 илјади бегалци од Грција и Италија. Седум месеци подоцна само 900 луѓе биле префрлени во други земји. Еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос изјави дека неколку земји членки не прифатиле ниту еден барател на азил. „Ако планот за релокација не профункционира, тогаш целиот систем ќе се распадне“, предупреди тој.