Шестмина осудени за тероризам во Русија

Воениот суд во Москва денеска осуди шестмина мажи на затворски казни од 11 до 14 години за планирање терористички напад во предградие на главниот град на Русија во 2014 година. Судот утврдил дека шестмината планирале голем терористички напад во градот Одинцово во 2014 за време на одбележувањето на завршувањето на Втората светска војна. Инспекторите рекоа дека полицијата ги уапсила непосредно пред извршување на нападот. Во станот што го изнајмиле во Одинцово исто така било пронајдено поголемо количество муниција и експлозив.