Протекоа имињата на 22 илјади поддржувачи на Исламската држава

Телевизијата Скај њуз добила документи со имињата, адресите, телефонските броеви и семејните контакти на 22 илјади поддржувачи на Исламската држава. Телевизијата соопшти дека ги добила документите од незадоволен поранешен припадник на Исламската држава, кој наводно ги украл од шефот на полицијата за внатрешна безбедност на организацијата. Во документите има детали за членови на организацијата од најмалку 51 држави. Телевизијата соопшти дека ги информирале властите за добиените документи, но засега нема коментар од министрите за внатрешни и надворешни работи на Велика Британија.

Документите објавени од Скај њуз покажуваат дека регрутите одговарале на прашалник со 23 прашања, меѓу кои крвната група, моминското име на мајката, „нивото на разбирање на шеријатот“ и претходното искуство.

Телевизијата ги добила документите на мемориски стик од извесен Абу Хамед, поранешен борец на Слободната сириска армија, кој преминал во Исламската дражва.