Роднини на убиените полицајци од Диво Насеље ќе бараат оштета

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се одржа ново рочиште за случувањата во кумановската „Дива населба“ во мај минатата година. Сведочеа петмина кумановци, сведоци на Јавното обвинителство. Роднините на осумтемина убиени полицајци се појавија на денешното судење. Тие изјавија дека во граѓанска постапка ќе бараат отштета за смртта на нивните блиски. Како и на претходните рочишта, така и на денешното имаше силно полициско обезбедување околу судот. Продолжението на судењето за „Дива населба“ е закажано за 22 март.

Во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.