Нуланд го посети кампот во Идомени

Американскиот помошник државен секретар за европски прашања, Викторија Нуланд денеска го посети кампот за бегалци во Идомени, јавија грчките медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Атина, Нуланд пристигнала во кампот утринава и била информирана од страна на членови на УНХЦР и Доктори без граници за ситуацијата во кампот. Таа заминала од Идомени без да даде коментар.