Условена препорака за почеток на преговори на Македонија со ЕУ

Илустрација

Со 404 гласови за, 76 против и 29 воздржани од присутните 509 европратеници, Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за Македонија предложена од европратеникот Иво Вајгл, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Во денеска усвоениот документ, е дадена уште една, седма по ред препорака до Советот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ, но оваа препорака е условена со одржување на фер и демократски избори.