Суштински и подлабоки разговори за мир во Сирија

Пратеникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура

Пратеникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, изјави дека денеска во Женева ќе почнат да пристигнуваат делегатите за „суштински и подлабоки“ разговори меѓу сириската влада и опозициските претставници, кои треба да почнат на 14 март. Тој рече дека разговорите повторно ќе бидат со секоја страна одделно, по што посредникот ги пренесува ставовите. Зборувајќи на прес-конференција во Женева, де Мистура рече дека прекинот на огнот во Сирија од пред две недели во голема мера се спроведува.