ИД сака „огромни и спектакуларни напади“ против западот

Илустрација: Терористички напади во Париз на 13 ноември 2015

Шефот за контратероризам на Велика Британија Марк Роули предупреди дека Исламската држава сака да започне „огромни и спектакуларни напади“ против западниот начин на живот, а не само против воени цели. Тој вчера во Лондон рече дека ако порано Исламската држава пред сè се насочувала кон симболите на државата, како што се војската или полицијата, сега организацијата планира пошироки напади, како оној од ноември во Париз, кога беа нападнати концертна сала, стадион и кафуле, при што загинаа 130 луѓе. Роули вели дека полицијата во моментов нема информации за подготовки на таков напад, но оти властите треба да сметаат на сите можности. Тој исто така вели дека организацијата се обидува да донесе екстремисти обучувани во Сирија во северниот дел на Европа за да започнат напади.