Политичари и јавни личности бараат ослободување на Савченко

Над 200 политичари и други јавни личности потпишаа отворено писмо до ЕУ и САД барајќи од нив да преземат итни чекори и да побараат од Русија ослободување на украинскиот пилот Надија Савченко. Во писмото се обвинуваат руските власти за подбивање со граѓанските права, меѓународните закони и со, како што се наведува, „сопствениот Устав“. Савченко беше заробена во источна Украина во јуни 2014 година додека се борела против сепаратистите поддржани од Русија.