Поплави во централна Србија

Во голем број српски општини е прогласена вонредна состојба поради реките кои се излеаја од коритата, по што поплавени се десетици куќи, фарми и патишта во централниот дел на Србија. Српската полиција денеска соопшти дека неколку десетици лица се евакуирани од своите домови, а стотици куќи се засегнати од поплавите.

Локалните власти во градот Чачак информираа дека водата поплавила десетици декари обработлива површина, локални патишта и ниските катови на куќите. На некои места поплавите предизвикале прекин на електричната енергија.

Србија беше погодена од катастрофални поплави во 2014 година, во кои загинаа десетици луѓе.