Двајца гробари краделе злато од гробови во Струмица

Илустрација

Секторот за внатрешни работи - Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две лица за дело „сквернавење на умрен“. Двајцата биле вработени како гробари во еден погребален оператор и во 2015 година одземале накит од гробовите, велат од СВР - Струмица.

„Осомничените, при ископ на стари гробови, поради закоп на нови лица, го одземале накитот кој го пронаоѓеле, а потоа го продавале кај неколку златари во Струмица. При претрес во нивните домови биле пронајдени и со потврда биле одземени две откупни белешки за откуп на злато од златарници“, рече Хризантема Рендевска, портпарол на СВР - Струмица.

Таа посочи дека пријавените при разговор со полициски службеници ги посочиле гробовите од кои го одзеле накитот.