Давутоглу има нов предлог за справување со мигрантската криза

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу

Лидерите на ЕУ го проширија дневниот ред на итниот самит со турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска во Брисел, откако Давутоглу даде нов предлог за справување со мигрантската криза. Портпаролот на Давутоглу пред новинарите го најави новиот предлог, велејќи дека Анкара „се обидува да го отвори патот“ за решение на проблемот. Тој не соопшти детали од предлогот, но рече дека пристапниот процес на Турција за членство во ЕУ е исто така тема за турската делегација. Се очекува 28-те земји-членки на ЕУ да побараат од Турција да ги запре илјадниците мигранти што не ги исполнуваат условите за азил во ЕУ. ЕУ и Турција во ноември минатата година се согласија Анкара да го намали протокот на мигранти кон Европа во замена за парична помош. ЕУ соопшти дека Турција направила напредок, но оти сè уште во Грција од Турција пристигнуваат премногу мигрнати.