Берлин - Затворањето на „балканската рута“ е шпекулација

Германската канцеларка Ангела Меркел

Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Кристијане Вирц денеска изјави дека информациите на медиумите дека на денешниот Самит ЕУ-Турција во Брисел би можело да се договори „затворање на балканската бегалска рута“ се само шпекулации, сè додека разговорите сè уште траат.

Медиумите вчера објавија дека лидерите на ЕУ на денешниот состанок во Брисел ќе настојуваат да ја „запечатат балканската мигрантска рута“, да ја зголемат помошта за Грција и ќе се обидат да го убедат турскиот премиер Ахмет Давутоглу да го забави бегалскиот прилив и да прифати илјадници луѓе кои не ги исполнуваат условите за добивање азил.