Најмалку 28 повредени во пресметка меѓу две семејства во Турција

Илустрација

Најмалку 28 лица се повредени во реонот на турскиот главен град Анкара, откако расправија меѓу две семејства прераснала во физичка пресметка во која биле користени пушки и ножеви, јави телевизија Си-Ен-Ен Турк. Според истиот извор, тројца од повредените се наоѓаат во животна опасност.

Причината за расправијата засега не е позната, но, според медиумите, најверојатно станува збор спор околу дадена позајмица.

Инаку, двете семејства поседувале такси возила, кои делеле иста станица.