ЕУ и Турција во Брисел за бегалската криза

Лидерите на Европската унија денеска во Брисел ќе разговараат со турскиот премиер Ахмед Давутоглу на итен состанок за справување со најголемата бегалска криза во Европа по Втората светска војна. Се очекува Унијата да побара од Турција да го намали бранот мигранти и беглаци кон Европа и да ги преземе оние што не ги исполнуваат условите за добивање азил. Во ноември лани ЕУ и Турција се согласија Анкара да преземе чекори за запирање на бранот во замена за три милијарди евра. И покрај тоа секојдневно скоро по 2 илјади луѓе пристигнуваат од Турција во Грција. Земјите на Балканската рута практично ги затворија нивните граници со што над 30 илјади мигранти останаа во Грција. Според нацрт документот од самитот, ЕУ предвидува затворање на Балканската рута.