Најмалку 18 мигранти се удавија кај турскиот брег

Најмалку 18 мигранти се удавиле кога потонал нивниот брод покрај турскиот брег, јавија медиуми од земјата. Турската крајбрежна стража соопшти дека биле спасени 15 лица, а исто така биле пронајдени и тела на 18 мигранти во Егејското море во близина на градот Дидим. Спасувачката операција за пронаоѓање на преживеани мигранти се уште е во тек. Се уште не се знае националноста на жртвите. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу утре ќе отпатува за Брисел на самитот на лидерите на ЕУ за изнaоѓање решениe за бегалската криза.