Бесими-Македонија да има цврста координација за бегалците

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими по денешната посета на јужната граница изјави дека Македонија мора да има цврста координација со сите земји од балканската рута и од ЕУ со цел успешно да ги имплементира одлуките на Унијата. Тој рече и дека целта на неговата посета е да види каква е состојбата во прифатниот камп пред самитот во Брисел на кој треба да се донесат важни одлуки за понатамошно справување со бегалската криза.

Тој по средбата со претставниците на сите меѓународни организации кои помагаат во справување со кризата истакна и дека процесот со бегалците е сложен затоа што има хуманитарни и формално правни димензии кои мора да се почитуваат за да им се излезе во пресрет на луѓето на кои им е потребна помош согласно меѓународните стандарди.