Ирански тајкун осуден на смрт

Бабак Зањани

Иранскиот тајкун Бабак Зањани, кој е најбогатиот човек во земјата е осуден на смрт под обвинение за корупција. Судот во Техереан денеска ја соопшти пресудата за Зањани и двајца други обвинети во случајот.

Зањани стана познат во јавноста за време на владеењто на претседателот Махмуд Ахмадинеџад поради неговата способност да и помогне на земјата да ги избегне меѓународните санкции и да продава нафта надвор од Иран. Тој е осуден за измами и за други економски криминали и ќе треба на државата да и плати надоместок за загубите. Неговото богатство се проценува на 14 милијарди долари.