Критики за Турција за преземањето на весникот „Заман“

Протестите пред седиштето на весникот „Заман“.

Генералниот секретар на Совет на Европа, Торбјорн Јагланд изрази загриженост поради преземањето на контролата врз опозицискиот весник „Заман“ од страна на турската Влада. Тој ја повика Анкара да ја почитува правната обврска за заштита на слободата на медиуми. Јагланд истакна и дека загрижува и насилството пред седиштето на „Заман“ во Истанбул. ЕУ соопшти дека Турција како кандидат за членство треба да ја почитува слободата на медиуми. САД и ОН исто така ја повикаа турската Влада да ја почитува слободата на медиумите во земјата.