Партијата на Фицо победник на изборите во Словачка

Роберт Фицо

Прелиминарните резултати од изборите во Словачка покажуваат дека актуелниот премиер Роберт Фицо победил, но не освоил мнозинство на вчерашното гласање во земјата. Фицо кој е лидер на социјал-демократската партија Смер има поддршка од 29 проценти. Се очекува тој да ја формира новата влада на земјата.

Фицо изјави дека резултатите, според кои осум партии влегуваат во Парламентот се многу комплицирани и оти ќе биде потребно повеќе време за формирање на неговиот нов кабинет. Фицо остро се противи на квотите на ЕУ за прераспределба на бегалците од Грција и Италија во другите земји членки.