Сончево време со мала облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува на повеќе места умерен повремено засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 18 степени.