Спасовски- Полицијата во Бутел постапи најпрофесионално

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска им оддаде признание на полицајците кои за време на протестите во Бутел, како што истакна, најпрофесионално си ја завршиле задачата. Според него, постапките за случајот ќе завршат и ќе има соодветни пријави за нарушувањето на јавниот ред и мир.

Тој истакна дека полицијата постапувала согласно правилата и најважно било да се сочува мирот и стабилноста и да не се овозможи ескалација на судирите. Во однос на протестите пред МВР, тој истакнува дека не гледа причина за такво нешто и оти на тој начин се понижуваат полициските службеници коишто најпрофесионално си ја извршиле својата задача.