Талибанците ги отфрлија мировните преговори

Мировните преговори за Авганистан

Талибанците соопштија дека ги отфрлаат мировните преговори со авганистанските власти. Според соопштението, тие нема да учествуваат во мировниот процес со властите од земјата се додека странските сили не прекинат да ги напаѓаат нивните позиции и не се повлечат од Авганистан.

Директните разговори требаше да се одржат во Исламабад наредната недела, кои според авганистанските власти требаше да претставуваат првиот конкретен чекор во мировниот процес за ставање крај на 15 годишниот конфликт.