Ердоган се залага за изградба на нов град за бегалците

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи изградба на нов град во северниот дел на Сирија, во кој ќе бидат сместени бегалците кои ја напуштаат својата земја поради војна.

Според него, новиот град би се изградил во близина на турската граница. Еродган истакна и дека за идејата разговарал и со американскиот претседател Барак Обама. Во Турција моментно се наоѓаат околу 2,7 милиони сириски бегалци.