ДУИ го прекина протестот поради Задушница

Камп на ДУИ во Скопје, Бутел, на местото каде што требаше да биде поставен 55 метарскиот крст.

Од ДУИ соопштија дека го прекинуваат протестот против изградбата на крст во скопската општина Бутел поради денешниот христијански празник Задушница. Потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Чаир, Иџет Меџити изјави дека ќе продолжат да се бараат решенија преку демократски форми и оти бил постигнат институционален договор со посредство на меѓународната заедница за почитување на бадентеровиот принцип.