Убиени четири калуѓерки во Јемен

Илустрација

Вооружени напаѓачи упаднаа во пензионерски дом управуван од хуманитарна католичка организација во пристанишниот град Аден во јужен Јемен, при што убиле повеќе од десетина луѓе, меѓу кои и четири калуѓерки. Портпаролот на организацијата Мисионери на милосрдието изјави дека четворицата напаѓачи влегле во зградата со изговор дека сакаат да си ги посетат мајките. Јеменските власти соопштија дека тие потоа влегувале од соба во соба и ги врзувале жртвите пред да им пукаат во главите. Нивниот мотив сè уште е непознат. Јеменската влада сега е преселена во Аден, но се обидува да го наметне својот авторитет, откако армијата, со поддршка на сили од другите држави од Персискиот Залив, ги протераа борците Хути, кои, пак, сè уште го контролираат главниот град Сана. Мисионери на милосрдието е организација основана од Мајка Тереза.