Во Грција заглавени околу 32 илјади бегалци и мигранти

Два фериботи со околу 650 бегалци и мигранти од грчките острови денеска пристигнаа во Пиреја, јави дописникот на МИА од Атина. Во меѓувреме, грчките власти соопштија дека грчко-македонската граница во изминатите 24 часа ја преминале 320 бегалци. Во Идомени и околината, каде има над 10 илјади бегалци и мигранти, условите денеска се особено тешки поради вчерашните обилни врнежи од дожд. Грчките власти информираа дека во Грција во моментов се заглавени околу 32 илјади бегалци и мигранти по одлуката на Австрија, која се рефлектира и на другите држави од балканската рута, драстично да го намали бројот на мигранти.