До средината на годинава, избори во источна Украина

Шефовите на дипломатиите на Украина, Русија, Германија и Франција постигнаа согласност изборите во источна Украина да бидат одржани до крајот на јуни. Дотогаш, како што по девет часовната средба во Париз изјави францускиот министер Жан Марк Ајро, би требало биде усвоен изборниот законик. Но, другите министри изјавија оти на состанокот не бил постигнат консензус во врска со одржувањето на изборите. Украина инсистира на целосно почитување на примирјето во источна Украина пред да ги усвои законите неопходни за одржување на овие избори.