Средба Груевски, Хојт Ји

Актуелната политичка состојба, надминувањето на политичката криза, како и глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза беа тема на разговор на средбата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски со заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји. На средбата, како што информираат од партијата, претседателот Груевски истакна дека ВМРО ДПМНЕ е за надминување на политичката криза преку успешно спроведување на претстојните избори. ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи активно да придонесува за градење на демократски амбиент кој ќе биде во насока на спроведување на фер избори, истакна Груевски. Тој посочи дека стратешки интерес е реализирање на евроатланските интеграции на Македонија, како и станувањето полноправна членка на НАТО. Станало збор и за глобалниот проблем со мигрантите.