Европската комисија го одобри гасоводот ТАП

Архивска фотографија

Европската комисија денеска го одобри договорот со Грција за изградба на гасовод што треба да носи гас од Азербејџан во ЕУ. Трансјадранскиот гасовод(ТАП), долг 878 километри, има за цел да ја намали енергетската зависност на Европа од Русија. Според планот, гасоводот треба да почнува од гасното наоѓалиште Шах Дениз II во Азербејџан, па преку Турција, Грција, Албанија и под Јадранското Море да стигнува до Италија. Се очекува првите количини гас да стигнат во Европа до 2020 година.