Владејачката ДУИ на протест против 55-метарскиот крст во Бутел

Неколку илјади граѓани, предводени од владејачката ДУИ, денеска излегоа на протест против градењето 55-метарски крст во скопски Бутел. Протестот почна пред стадионот во Чаир, по што насобраните се упатија кон местото каде што почна да се гради крстот во Бутел. Демонстрантите веат албански знамиња и носат транспаренти на кои пишува: „Политиката надвор од верата“, „Не сакаме Скопје што ќе се претвори во Белфаст, Ерусалим или Бејрут“, „Ова е клин, а не крст“, „Оваа земја е секуларна“... На чело на протестот се високи функционери од владејачката ДУИ.

Неколку дена пред почетокот на изградбата на крстот, во населбата Топанско Поле во Скопје беше поставен споменик на двоглав орел.