Северна Кореа истрела проектили по санкциите на ОН

Јужнокорејското министерство за одбрана соопшти дека Северна Кореа истрелала неколку проектили во море неколку часа откако Обединетите нации воведоа нови санкции против Пјонгјанг поради последните нуклеарни проби. Советот за безбедност вчера едногласно ги усвои најстрогите санкции спрема Северна Кореа во изминативе 20 години.