Ирански мигранти со зашиени усти протестираат во Франција

Неколкумина ирански мигранти ги зашиле устите во знак на протест поради акцијата на француските власти за уривање на мигрантскиот камп во близина на Кале. Таму неколку илјади мигранти чекаат во нивниот обид да го минат тунелот под Ла Манш за да стигнат во Британија. Во минатиот месец францускиот суд донесе одлука дека јужниот дел од овој камп каде што се сместени околу 3 илјади мигранти бил нелегално изграден. Властите им понудија нова локација за привремено сместување каде што исто така ќе можат да поднесат барање за азил во Франција.