Задржан товарен брод со оружје на Крит

Илустрација

Товарен брод со оружје, кој пловел под знамето на Того, бил задржан на островот Крит, јавија грчките медиуми. Бродот, кој тргнал од Турција, е задржан по сигнал на грчката разузнавачка служба. На бродот се пронајдени шест контејнери со илјадници парчиња огнено оружје, муниција и експлозивни направи. Грчките власти истражуваат дали оружјето е законски превезувано. Единаесетчлениот екипаж на бродот вклучува и Сиријци. Првата станица на бродот била Либан, а потоа требал да стигне до североисточна Африка.