Победи на Трамп и Клинтон во Супер вторникот

Републиканецот Доналд Трамп и демократот Хилари Клинтон победуваат во нивните партии, во таканаречениот Супер вторник, односно најголемите првични избори за идни кандидати за нов американски претседател. Трамп победи во шест, а Клинтон во седум од 12 американски држави. Трамп ги доби републиканските избори во Алабама, Џорџија, Масачусетс, Вирџинија, Арканзас и Тенеси, додека Клинтон победи во Алабама, Џорџија, Тенеси, Тексас, Арканзас, Масачусетс и Вирџинија. Овие победи им го отвораат патот да обезбедат номинација во нивните партии за претседателските избори на 8 ноември годинава. Ривалите на Трамп, Тед Круз победи во Тексас и Оклахома, а Марко Рубио во Минесота. Ривалот на Клинтон, Берни Сандерс победи во Вермонт, Оклахома, Колорадо и Минесота.